fbpx

„Нордвинд ерлајнс“ од 21 мај ќе лета меѓу Скопје и Москва

-

Руската чартер авиокомпанија „Нордвинд ерлајнс“ на 21 мај ќе започне со летови меѓу Скопје и Москва. Летовите ќе се одржуваат еднаш неделно, секој петок, соопштија од авиокомпанијата. Воздухопловната врска ќе се воспостави со московскиот аеродром „Шереметјево“, а авиокомпанијата на оваа линија ќе користи авион од типот „Боинг 737-800“ со 189 седишта. На веб-страницата на авиокомпанијата веќе можат да се набават авиобилети, а почетокот на летовите денеска го најави и Руската амбасада во Скопје.

Авиокомпанијата „Нордвинд ерлајнс“ првенствено одржува воздухопловен сообраќај меѓу руските градови и познатите туристички места низ светот. Најголем број од воспоставените авио линии се од сезонски карактер и имаат за цел да ги превезат туристите до нивните омилени дестинации за одмор.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство на нашата земја неодамна изјавија дека и друга руска авиокомпанија е заинтересирана да воспостави авиолетови меѓу Скопје и Москва.

Интересот за посета на руските граѓани на нашата земја се очекува да се зголеми во претстојниот период, а на веб-страницата на Руската амбасада во Скопје се наведува дека Владата на РСМ еднострано одлучила да го продолжи безвизниот режим за руските граѓани за влез во нашата земја до 15 март 2022 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...