fbpx

Косовците ги надминаа Сиријците во барањето азил во Австрија

-

Жителите на Косово во јануари станаа најголема група поднесувачи на молби за азил во Австрија. Со поднесени 1.029 барања, Косовците ги надминаа Сиријците, кои бегаат од војната во својата земја.

Во јануари годинава, вкупно 910 Сиријци поднеле барање за азил во Австрија. На трето место се Авганистанците, со 622 барања, а четврти се Ирачаните со 286 молби.

Минатата година Сиријците беа најголема група бегалци кои барале азил во Австрија, а на второ место беа Авганистанците, па Русите, додека Косовците беа четврти.

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл-Лајтнер, на средината од минатиот месец побара промена на процедурата за одлучување за молбите за добивање азил. Таа нагласи дека сака да воведе брза постапка за решавање на барањата на граѓаните кои доаѓаат од таканаречени „безбедни земји“, во кои спаѓа и Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...