fbpx

Напад на „Фејсбук“ со заразена порнографска видеоснимка

-

Експертот за информатичка безбедност Мухамед Фагани објави дека открил напад извршен на социјалната мрежа „Фејсбук“ преку злонамерна програма скриена во порнографски видеозапис.

Станува збор за „ефикасен“ напад затоа што се проценува дека за време на него се заразени повеќе од 110.000 компјутери за само два дена.

Постапката е многу едноставна: пријателите на интернет-корисникот со него споделуваат порнографска видеосодржина на „Фејсбук“, тој го кликнува и почнува видеосодржината, а потоа набргу запира, појавувајќи се прозорче кое повикува да се инсталира читач на „флеш“ за натамошно гледање на видеозаписот.

Плеерот, всушност, како што е објаснето, овозможува продор на злонамерниот софтвер и преземање на контролата над компјутерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...