fbpx

Индустриското производство во февруари намалено за 12,2 отсто, бројот на вработени помал за 3,9 отсто

-

Ковид кризата продолжува негативно да влијае на индустријата во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 87,8, односно истото е намалено за 12,2 отсто во однос на истиот месец лани. Индексот на бројот на работниците во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 96,1, што претставува намалување од 3,9 отсто во однос на идентичниот период лани.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање од 28,9 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 11,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,2 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 28,4 отсто, Капитални производи за 19,7 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 23,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,5 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,8 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, изнесува 87,2.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање од 6,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,9 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, бележи опаѓање кајЕнергија за 3,8 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 отсто, Капитални производи за 2,3 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на периодот јануари – февруари 2020 година, изнесува 96,2.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...