fbpx

Османи: Земјава има значајно место во франкофонското семејство, францускиот јазик е неминовна иднина во ЕУ

-

Денеска во просториите на Министерството за надворешни работи се одржа изложба на фотографии „50 години Франкофонија – поглед од Северна Македонија” по повод прославувањето 51 година од основањето на Франкофонијата. На настанот се обрати министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој посочи дека фотографиите го покажуваат патот на Северна Македонија кон Франкофонијата и ја преведуваат и пренесуваат вложеноста во една фамилија во која се споделуваат истите вредности.

„Оваа изложба преку автентични фотографии од архивите на Министерството за надворешни работи, од Институтот за француски јазик и останати институции ја покажуваат франкофонската традиција на нашата земја, местото и улогата на францускиот јазик во нашето општество, како и франкофонската култура што се заснова врз традицијата и мултикултуролошката и мултијазичност на нашата земја. С. Македонија има значајно место во франкофонското семејство од 2006 година. Францускиот јазик е дел од нашата историја и претставува неминовна иднина во Европската Унија. Ние сега сме поканети да ја прославиме разноликоста на нашите судбини кои се соединети во еден јазик“, рече Османи.

Амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте изрази благодарност до министерот Османи и министерството за организацијата на изложбата за патешествието на РСМ кон Франкофонијата и Франкофонската традиција во земјата. Воедно, таа го сподели искуството на Романија и ги покани граѓаните од С. Македонија да се вклучат во заедничките напори за прославување на Франкофонијата која е инструмент за идните генерации.

„Романија активно учествува во клучните цели на Меѓународната организација на Франкофони, што подразбира промовирање на францускиот јазик и културолошката и јазична разноликост, но и промоција на демократијата, мирот, човековите права, солидарноста на француската култура, како и поддршка кон иновативноста и научното истражување. Во седиштето на Источноевропското претставништво на оваа организација во Букурешт, Романија развива широка програма за стипендии за истражувања во франкофонски земји. Ги поканувам сите заинтересирани да ни се приклучат“, изјави Моника Аксинте.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...