Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 258, Кавадарци – 51, Прилеп – 41, Куманово –25, Неготино – 22, Охрид – 18, Тетово – 16, Струга – 13, Гевгелија – 12, Битола – 11, Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10, Штип – 8, Кичево -7, Гостивар и Валандово – по 6, Крушево и Богданци – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Делчево – 2, Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 210 оздравени пациенти од: Скопје – 90, Прилеп –25, Кавадарци – 19, Неготино и Тетово – по 8, Куманово и Штип – по 7, Гостивар и Делчево – по 6, Гевгелија – 5, Битола и Велес – по 4, Струмица, Крушево и Берово – по 3, Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2, Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (77г, 70г) и по еден пациент од Прилеп (72г), Кавадарци (73г), Охрид (71г), Ресен (68г), Валандово (66г) и Дојран (64г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.