Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за „Радио Слободна Европа“ вели дека кривичната пријава против него поради сомнеж за „загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта“ е само „дрзок и безобразен обид на власта да го спречи објавувањето на докази и на аргументи“.
– Поради тоа што постои целосна спрега меѓу МВР, обвинителството и судството, ја повикувам меѓународната заедница да се вклучи во целиот процес, поради тоа што се работи за слободата и за демократијата во земја-членка на ОН и во земја-кандидат за членство во ЕУ, да се произнесат и да помогнат во враќањето на слободата и на демократијата во Македонија – изјави Заев.
Тој вели дека ништо нема да го спречи да ја објави „бомбата“.
– Дури и Заев и половина Македонија да ја притворат и осомничат, вистината ќе ја знаат сите и нема да успеат да го спречат објавувањето – вели Заев во кусата телефонска изјава.