Спој во електричната инсталација, што се случил додека се изведувале градежни работи, е првичната и неофицијална причина за пожарот што изутринава ја зафати фасадата на владината зграда, велат извори од МВР.
Денеска, полициски тимови извршија увид на местото, а по анализата и вештачењето на подигнатиот материјал, и официјално ќе се знаат причините за пожарот.
Од огнот, како што соопшти командирот на скопската противпожарна бригада, Благоја Менковски, бил зафатен дел од фасадата и електричната инсталиција, но штетата од пожарот е назначителна.
Противпожарната служба интервенираше со шест противпожарни возила и со 15 пожарникари.