fbpx

ОЈО поднесе обвинение за 21-годишен скопјанец за убиството на Никола Саздовски

-

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против 21-годишен скопјанец за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, за Никола Саздовски, се вели во допис од обвинителството.

„Обвинетиот, заедно со уште две лица за кои постапката беше радвоена и за кои веќе е донесена првостепена пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, на 29.06.2018 година на свиреп начин го лишиле од живот оштетениот Никола Саздовски. Тие му пристапиле на оштетениот на автобуска постојка на булеварот „Александар Македонски“ и му побарале лична карта. Кога оштетениот им ја покажал, тие му се обратиле со зборовите „А ти си тој Никола Саздовски викан Саздо“, по што сите тројца заедно започнале да го удираат со боксови во главата и градите. Од силината на ударите оштетениот изгубил рамнотежа и паднал на тротоарот, по што обвинетите продолжиле со клоци да го удираат во градите и главата. Од ударите Саздовски западнал во коматозна состојба и како резултат на наесените тешки телесни повреди починал на 9.7.2018 година на Одделението за анестезија и реанимација при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ“ информираат од јавното обвинителство.

Поради опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да влијае врз сведоците, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...