fbpx

Санкциониран 301 возач вчера во Скопје, од кои 14 поминале на црвено

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје, во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 301 санкција, информираат од МВР.

Полицијата вчера изрекла 69 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 14 мерки за возачи кои поминале на затворен семафор (црвено светло) и 22 за технички неисправни возила. Исто така, изречени се 10 санкции за користење
мобилен телефон, 64 мерки за непрописно паркирање. Воедно, санкционирани се 5 мотоциклисти, а 63 возила биле подигнати со „пајак“.

Полициските службеници напишале 42 казни за неносење на заштитна маска.

Од МВР најавија дека ќе продолжат засилените сообраќајни контроли и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...