fbpx

Економскиот факултет од Прилеп го одбележа својот шестдецениски јубилеј

-

Шестдецениското успешно функционирање на Економскиот Факултет од Прилеп, претставува потврда за неговиот институционален капацитет да едуцира и профилира кадровски потенцијал согласно со развојните потреби на земјата и конкурентските предизвици на глобалното окружување. Затоа, со потполно право заслужуваме да бидеме горди на нашите постигнувања и на бројките што во оваа прилика заслужуваат да ги споменеме. На Економскиот факултет во Прилеп во изминатиот шестдецениски период дипломираа 7.385 студенти, магистрираа 448 студенти и докторираа 87 студенти. Сите тие претставуваат носители на развојот на нашата земја, на регионот и пошироко.

Ова во своето обраќање го рече деканката Драгица Оџаклиеска по повод чествувањето на шестдеценискиот јубилеј, во присуство на истакнати научни работници од регионот и државата и претставници од општествено-политичкиот живот во градот.

Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“, Сашо Коруновски, потенцираше дека Економскиот факултет како една од најстарите високообразовни институции во состав на Универзитетот е еден од пионерите во високообразовната едукација во областа на економските науки, со завидна репутација во академските и стручните кругови во земјата и пошироко.

Факултетот претставувал и сè уште претставува своевидна авангарда, генератор на знаења, вештини и позитивни општествено-економски процеси, несебично давајќи го својот придонес во развојот и негувањето на научната мисла, преку интензивната образовна, но и истражувачка работа. Преку градење соработка со бизнис секторот и стопанството, локалните власти и опкружувањето, воопшто“, истакна ректорот Коруновски.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски честитајќи им го јубилејот на наставниот кадар на оваа институција, и на сите кои дале придонес во нејзиниот децениски опстанок, акцентираше:

„Факт е дека Прилеп и Економскиот факултет паметат и подобри времиња. Времиња во кои амфитеатрите и предавалните во Факултетот беа преполни со студенти, кога градот беше ‘Македонија во мало’, исполнет со студенти од сите краишта на нашата земја. За жал, Прилеп и Економскиот факултет го платија данокот на грешните политики во образованието и неоправданото отворање факултети во секое населено место. Се надевам и верувам дека работите полека ќе си дојдат на своето место, дека нашиот град и овој Факултет повторно ќе бидат главниот фокус и првиот избор на идните економисти од целата држава.“

Во чест на јубилејот, Економскиот факултет подготви трајна поставка со фотографии, што го отсликува развојниот пат на институцијата. А, во рамки на одбележувањето е реализирано и научно истражување на тема: „Влијанието на Ковид – 19 пандемијата врз малите и микро бизнисите во старата прилепска чаршија“, што го спроведе експертски тим од четворица истакнати универзитетски професори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...