fbpx

Развојната банка ја повлече последната транша од евтини кредити за домашни компании

-

Развојната банка денеска ја повлече последната транша од евтините кредити за домашни компании, во вкупен износ од 20,4 милиони евра. Заклучно со оваа транша, досега се повлечени вкупно 50,9 милиони евра, односно сите средства кои беа предвидени како евтини кредити за домашните компании.

„Седмата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која ја користи Развојна банка е одобрена за нови 73 проекти на домашни компании. Со ова, досега на вкупно на 186 домашни компании преку шест комерцијални банки им се овозможи да користат евтини кредити со каматна стапка до 1,6 проценти. Овие 186 домашни компании ќе поддржат вработување на вкупно 605 лица. Најголем дел од овие средства, 33 проценти или 17 милиони евра се одобрени за проекти во секторот производство. Триесет отсто од средствата или 15,8 милиони евра се одобрени за секторот трговија, додека 9,6 проценти или 4,9 милиони евра се одобрени за проекти во секторот угостителство. За секторот транспорт се одобрени средства во износ од 5,3 милиони евра или 10,5 проценти, за секторот услуги се одобрени 3,8 милиони евра или 7 проценти, додека за секторот здравство се одобрени средства од 1 милиони евра. За други сектори се одобрени вкупно 3 милиони евра или 8 проценти,“ информираат од банката.

Со повлекување на последната транша од фаза 5 на ЕИБ кредитната линија која во вкупен износ изнесува 100 милиони евра се заокружува кредитната линија, која во овие две години на реализација поддржа вкупно 332 проекти на домашни компании, со кои се вработуваат 1.089 лица.

Најголем дел од средствата, односно 35 милиони евра, се одобрија за проекти во секторот трговија, 31 милиони евра се одобрија за производство, додека 10 милиони евра се одобрија за транспортот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...