Пласирани 64,5 милиони евра кон домашните компании преку Развојната банка

Средствата ќе обезбедат поддршка за околу 200 проекти и треба да овозможат 206 нови работни места

Фото: Порталб.мк/Суад Бајрами

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје пласираше средства во износ од 64,5 милиони евра од заемот од Европската инвестициска банка преку ЕИБ 7 кредитната линија за трајни обртни средства и инвестиции за МСП и mid-cap компании, вклучително и зелена транзиција.

Средствата ќе обезбедат поддршка за околу 200 проекти и треба да овозможат 206 нови работни места.

Средствата од кредитната линија се пласирани преку деловните банки и во најголем дел се наменети за компании во сегментот на производство и трговија.

Кредитите се пласираат со каматна стапка до 3,5% годишно кон крајните корисници. Рокот на отплата на кредитите е до 12 години за инвестициските кредити и mid-cap проектите, и до 3 години за кредити за обртни средства.

Со овој заем кој Развојната банка го склучи со ЕИБ на 24.07.2023 година, се обезбедија 100 милиони евра по поволни услови, како директна поддршка на малите и средни компании и средно пазарнокапитализирани компании.