fbpx

Вучиќ ветува победа над корона вирусот, а ветувањата пукаат како балони

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за проверка на фактите istinomer.rs анализираше бомбастична изјава на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со која тој на 12 јули на граѓаните им вети победа над корона вирусот. Тој дента гостувал во емисијата „Хит твит“ на телевизијата со национална концесија Пинк и во неколку наврати рекол оти е сигурен дека епидемијата ќе биде победена наскоро.

„Сигурен сум дека во следните 20-тина дена многу успешно и брзо и ефикасно ќе ја совладаме короната“, гласи најјасното ветување на Вучиќ.

Анализирајќи што се случило од мигот на тоа ветување, istinomer.rs заклучува дека во Србија епидемиолошката ситуација и понатаму е несигурна, според зборовите на членот на Кризниот штаб, Предраг Кон. Иако е забележан и пад на бројот од заразени од вирусот, сепак од ден за ден се бележи одредена бројка на нови случаи.

„Во јули бројката на заразени само растеше, за кон крајот на месецот, во еден ден беа регистрирани 467 новодијагностицирани случаи“, пишува српскиот сервис за проверка на фактите, потсетувајќи оти тоа значи дека работата не оди кон смирување.

Со оглед на фактот дека и во последната седмица сè уште има над 200 заразени од ден за ден, а членовите на Кризниот штаб велат дека ситуацијата е уште несигурна, јасно е дека Србија е далеку од победата, пишува istinomer.rs, посочувајќи дека поради тие факти изјавата на Вучиќ ја оценува како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...