fbpx

Поплавени куќи, улици под вода и преполнети канали во Кочанско

-

Интензивниот дожд што и натаму паѓа во Кочани и околината, предизвика излевање на одводните канали и канализацијата, по што се поплавени делови од градот и рамничарските села.

Поплавени се куќи, посеви, а зафатени се и амбарите со сточна храна во селата Горни и Долни Подлог. Цели улици се под вода, поради што жителите побараа интервенција од Општина Кочани и јавното претпријатие „Водовод“, чии работници и механизација од синоќа се на терен.

Со механизацијата се работи на правење прекопи, со цел да се пренасочи водата од домовите, а се расчистуваат и каналите, кои минуваат непосредно до куќите и дворовите.

– За да овозможиме брзо истекување, го пресековме патот кон селото Мојанци. Со интервенциите продолжуваме и понатаму. Граѓаните можат да поднесуваат барања до Општина Кочани за утврдување на штетата што ќе ја проценуваат соодветни комисии – соопшти градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Екипи на Територијалната противпожарна единица испумпуваат води од централното градско подрачје, а службите на „Водовод“ продолжуваат да ги расчистуваат улиците од наносите од невремето. Поројните дождови предизвикаа прекин на водоснабдувањето, поради што без вода неколку часа останаа жителите од западниот дел од Кочани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...