fbpx

ЕСМ ќе ги санира последиците од поплавите во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“

-

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава во битолскиот регион предизвикаа големи поплави и хаварија на јагленовите откопни полиња во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“ на РЕК Битола. Според податоците на стручните служби на РЕК Битола, во рудникот „Суводол“ се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен, незабележан во последните 20 години, информираат од Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ).

Поради оваа алармантна ситуација, денес во РЕК Битола се одржа состанок на членовите на Управниот одбор на АД ЕСМ и на раководството на Комбинатот на кој се донесе Акционен план за надминување на последиците од поплавите во рудниците на РЕК Битола. Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски дал поддршка на планот за што побрзо совладување на предизвикот со цел најголемиот производствен капацитет на компанијата да биде ставен во целосна функција.

„Само со максимална ангажираност и посветеност на сите вработени во РЕК Битола, како и на останатите подружници на АД ЕСМ, ќе го совладаме и овој предизвик“, порача Ковачевски.

Според директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски, со сопствени ресурси, а по потреба и со поддршка на надлежни институции во земјава, Комбинатот успешно ќе ги санира штетите од поплавите, за што се подготвени повеќе краткорочни и среднорочни мерки за брзо и ефикасно санирање на штетите.

Од ЕСМ вчера соопштија дека, и покрај прекинот на ископот и на транспортот на јаглен од рудниците поради поплавите, континуираното производство на електрична енергија не е доведено во прашање и се преземаат напори да се санираат штетите за ископ на јаглен, за да се добијат потребните количества за претстојната грејна сезона 2020/2021 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...