сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Васко Ковачевски | 32 резултати

За поевтина „државна“ струја досега пријавени 518 производители на храна, училишта и водостопанства

ноември 24, 2022

Досега 518 училишта, производители на храна и водостопанства се пријавиле за снабдување со електрична енергија со пониски цени преку „ЕСМ Продажба“, беше објавено на денешната владина прес-конференција. Се пријавиле 233 основни и средни јавни училишта во државата, а од 70 јавни претпријатија од областа на водостопанство се пријавиле 50. Од категоријата на физички и правни […]

Топлото време и штедењето нè спаси од увоз на скапа струја, топланите пробно ќе работат на дизел

ноември 3, 2022

Милиони евра се заштедени во текот на октомври и првата недела од ноември како последица на зголеменото производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети, штедењето на струја од граѓаните и институциите и топлото време периодов. АД ЕСМ планира да почне со увоз на струја од странство по цена од 215 евра за мегават час […]

Вработените во РЕК Битола работат со цел капацитет за да обезбедат струја за домаќинствата

октомври 23, 2022

Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, ја посети РЕК Битола, каде што заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски одржаа работен состанок. Битиќи се заблагодари на сите вработени во РЕК Битола за снабдувањето со доволно количество струја од домашно производство во овој период на енергетска криза. […]

ЕСМ ќе купува гас за шест месеци за да работи скопското парно, дизелот засега е алтернатива

октомври 20, 2022

Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ) утре очекува да пристигнат повеќе понуди од заинтересирани компании за набавка на природен гас за производство на топлинска енергија во Скопје. Ќе се набавува гас за работењето на топланите „Исток“, „Запад“ и „Север“, но се чекаат понуди за гас и за функционирањето на комбинираната електрана ТЕ-ТО. За ова денеска информираше […]

Започна грејната сезона во Скопје, АД ЕСМ ветува топли радијатори цела зима

октомври 15, 2022

Започна грејната сезона во Скопје. Радијаторите се затоплија, а како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, парно греење ќе има до крајот на сезоната и посочи дека граѓаните не треба да стравуваат бидејќи институциите се подготвени да обезбедат енергенси за целата зима. Министерот денеска беше во посета на Топланата Исток, заедно со директорот на […]

Надлежните ветуваат дека пред да се потпише договор за Попова Шапка, истиот ќе биде прво споделен со граѓаните

август 17, 2022

Засега не се знае каква ќе биде судбината на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка, дали компанијата што управува со центарот (ЕЛЕМ Турс) ќе инвестира, дали ќе оди со јавно – приватно партнерство или ќе се продава. Ова ќе се дефинира дури откако ЕЛЕМ Турс ќе се одвои од ЕСМ, постапка која е започната пред повеќе од […]

ЕСМ: Вишоците електрична енергија може да се понудат на стопанството

јули 28, 2022

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски вели дека секоја количина на електрична енергија над таа што е потребна за граѓаните, ќе може „преку одреден модел да се понуди на домашното стопанство“, соопшти ЕСМ. Како што се вели во соопштението, Ковачевски на состанокот во Стопанската комора рекол дека АД ЕСМ веќе ги набавува потребните енергенси […]

ЕСМ: Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

мај 29, 2022

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Увид во нормализирањето на состојбите денеска направи генералниот директор на АД […]

Еко-свест ги осудува најавите за отворање на нов рудник за лигнит во Живојно

април 1, 2022

По денешните најави на директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски дека актуелната криза ја отворила потребата од подолго користење на рудниците и планираната инвестиција во нови ископи во рудникот Живојно во РЕК Битола и рудникот Гуштерица во РЕК Осломеј, со реакција и најостра осуда излегоа од Еко-свест. Од Центарот за истражување и […]

ЕСМ: Нема да има рестрикции на струја, набавката на јаглен е за индустријата да не плаќа високи цени

октомври 22, 2021

Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) категорично ги отфрлаат написите во дел од медиумите и тврдат дека земјава има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува. Од ЕСМ повторуваат дека ископот на јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј е засилен заради стабилно производство на […]

Струјата нема да поскапи во земјава, но РЕК „Битола“ ќе го зголеми производството и ќе се увезува јаглен

октомври 5, 2021

Нема причина за паника меѓу македонските граѓани во однос на цената на електричната енергија за претстојните месеци, смируваат од Регулаторната комисија за енергетика и Електрани на Северна Македонија. На европско ниво, цената на струјата на холандската берза се искачила од 16 евра за мегават час во јануари до 98 евра за мегават час на крајот […]

ЕСМ ја гради првата фотоволтаична централа во РЕК Осломеј

август 27, 2020

Генералниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) Васко Ковачевски оствари работна посета на РЕК Осломеј. Тој ја посети локацијата на која што треба да биде изградена фотоволтаичната централа, прва во сопственост на АД ЕСМ. Подготвителните работи за изградба на фотоволтаикот се во тек и полека пристигаат потребните материјали, информираат од ЕСМ. Од компанијата велат […]

ЕСМ демантира дека генералниот директор пишува поезија по смртта на работник во РЕК Битола

август 20, 2020

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) попладнево остро ја демантираше веста дека во време кога во РЕК Битола при вршење работни задачи загина работник, генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, напишал и на Фејсбук објавил песна за Зоран Заев. Со такви тврдења излезе „Лидер“, по што веста беше преобјавена и од „Курир“, „Нетпрес“, „Експрес“ и […]

ЕСМ ќе ги санира последиците од поплавите во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“

август 7, 2020

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија земјава во битолскиот регион предизвикаа големи поплави и хаварија на јагленовите откопни полиња во рудниците „Суводол“ и „Брод Гнеотино“ на РЕК Битола. Според податоците на стручните служби на РЕК Битола, во рудникот „Суводол“ се слеале околу 630.000 метри кубни вода, што претставува временски феномен, незабележан во последните 20 […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Ковачевски сами да си поднесат кривични пријави

април 3, 2018

Генералниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, и раководството на СДСМ сами на себе да си поднесат кривични пријави за загрозувањето на здравјето на битолчани и животната средина, како што правеа кон претходното раководство, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска. – Раководството на ЕЛЕМ, покрај директната одговорност што ја има со лошото менаџирање со водостојот на Охридското Eзеро, […]

Собранието ги констатираше оставките на Пендаровски, Ковачевски и Ибраимовски

декември 22, 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната седница ги констатираше оставките на пратениците Стево Пендаровски и Васко Ковачевски како и на министерот без ресор во Владата, Самка Ибраимовски. По констатирањето на оставките, Џафери ја прекина седницата до 13.30 часот до кога Државната изборна комисија треба да достави известување, на кои пратеници на изборните листи, ќе им […]

Ковачевски: Буџетот ќе биде донесен најдоцна до 23 декември

декември 8, 2017

Буџетот за 2018 година може да биде донесен најдоцна до 23 декември, изјави за „Мета“ пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој претседаваше со Комисијата за финансирање и буџет. Тој додаде дека се чека претседателот на Собранието, Талат Џафери, да се врати од Соединетите Американски Држави, околу 15 декември, и во тој период да ја закаже […]

Комисиската расправа за буџетот закажана за 11 часот, останаа уште 100 амандмани

декември 7, 2017

Третото продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која се води амандманска расправа за предлог-буџет за 2018 година, е закажано за во 11 часот. Останаа уште околу 100 аманмани за кои пратениците треба да расправаат. Вчера, второто продолжение на седницата заврши околу 21 часот и беа разгледани околу 170 амандмани од […]

Разгледани 170 амандмани за предлог-буџетот, расправата продолжува утре во 11 часот

декември 6, 2017

На второто продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, кое продолжи и по 18 часот, беа разгледани околу 170 амандмани на предлог-буџетот, од вкупно 279, кои се предложени од ВМРО-ДПМНЕ и од Беса. На расправата, на која не учествуваа пратениците од опозицијата, беа прифатени шест амандмани, четири од ВМРО-ДПМНЕ и два од Беса, […]

Ковачевски: Комисијата за буџет може и утре да ја заврши работата

декември 6, 2017

Општиот претрес на предлог-буџетот за 2018 година на Комисијата за финансирање и буџет заврши и попладнево продолжува амандманската расправа. Денеска е седмиот ден од комисиската расправа и остануваат уште три дена до законскиот рок од 10 дена, до кога расправата за предлог-буџетот треба да заврши во матичната комисија. – Ако завршиме побргу со расправата по однос […]

Страна 1 од 2