fbpx

Во Британија шестпати зголемен бројот на апсења поради тероризам

-

Британската полиција соопшти дека бројот на луѓе уапсени поради тетористички прекршоци е шестпати поголем во споредба со минатата година.

Од Скотланд јард велат дека полицијата во 2014 година извршила 165 апсења во Велика Британија поради финансирање, подготвување или поттикнување тероризам, како и поради посетување кампови за обука. Во 2013 година, пак, бројот на такви апсења бил 25.

Координаторката во полицијата за борба против тероризмот, Хелен Бол, рекла дека полицијата извршила голем број истраги, како што не било случај во изминатите години. Таа додала дека плановите за напади биле инспирирани или предводени од странство.

Во Велика Британија во август, поради закани од екстремистичките групи од Ирак и од Сирија, нивото на опасност од тероризам е зголемо од „значително“ на „сериозно“, што е второ највисоко ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...