Општина Центар го раскина договорот за катна гаража

-

Општина Центар го раскина договорот за долгорочен кредит за изградба на катна гаража кај зградата на поранешна НИП „Нова Македонија“, а средствата ќе се пренаменат за ново основно училиште. Ваква одлука вчера едногласно донеле советниците на Општината.

Договорот за катна гаража бил склучен меѓу Комерцијална банка и претходното раководство на Општина Центар, на 10 јануари 2013 година.

„Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, неколкупати посочуваше дека нема интерес за изградба на ваков објект бидејќи во централното градско подрачје веќе има неколку катни гаражи кои се полупразни. Мнозинството жители на Центар, потсетуваше градоначалникот, наместо за гаражи и за споменици, сакаат нивните средства да бидат наменети за училишта и за градинки“, велат од Општина Центар.

Во образложението на одлуката се вели дека приоритет се дава на изградбата на ново основно училиште и нов објект на детската градинка „Кочо Рацин“, кој е веќе почнат.
Во 2013 година, пред локалните избори, камен-темелникот на гаражата, со првата лопата, го постави премиерот Никола Груевски.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...