fbpx

Могерини: Украина мора да се зачува

-

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европска Унија, Федерика Могерини, за време на посетата на САД истакна дека особено е важно Украина да не „пропадне“, но и оти треба да се оживеат преговорите со Русија.

Според Могерини, „пропаѓањето“ на Украина би претставувало победа за Русија затоа што со тоа ќе се потврдат ставовите на оние кои тврдат дека склучувањето на Договорот за приклучување кон ЕУ води кон нешто негативно.

Високата претставничка нагласи дека продолжувањето или ублажувањето на санкциите кон Русија, од кои дел истекуваат во март, зависи од ситуацијата во теренот и од спроведувањето на Спогодбата од Минск.

Могерини, исто така, рече дека Русија е најголем сосед на ЕУ и поради тоа Брисел дополнително мора да се потруди за воспоставување дијалог со Москва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...