Државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со имотната состојба на пратеникот Петре Шилегов, соопшти дека тој по изборот за пратеник во Собранието на Република Македонија, на 9 јуни 2014 година има поднесено анкетен лист, а податоците добиени од пратеникот се објавени на веб-страницата на Државната комисија такви какви што се дадени.

„Истиот пратеник, на 20 јануари 2015 година, до Државната комисија достави писмено известување во кое бара Државната комисија „да изврши исправка на податоците“дека пријавената закупнина е негов личен имот, а не на неговата сопруга и дека пријавените банкарски депозити и наведениот долг се на негово име, а не на име на сопругата. Како прилог пратеникот доставува документи од кои се гледа дека и станот и договорот за закуп се на негово име уште во времето кога е поднесен анкетниот лист. Нејасно е зошто пратеникот во поднесениот анкетен лист дал контрадикторни податоци“, стои во соопштението.