fbpx

Авионот на „Ер Азија“ пребрзо се искачувал

-

Авионот на компанијата „Ер Азија“, кој се урна во Јаванско Mоре, се вивнал на поголема висина со поголема брзина од вообичаената, а потоа „запрел“, покажуваат резултатите од истрагата.

– Во последните минути, авионот се качувал со преголема брзина од вообичаената – рече индонезискиот министер за сообраќај, Игнасиус Џонан, повикувајќи се на податоци добиени од радарските уреди.

Џонан соопшти дека авионот се движел со брзина поголема од 1.800 метри во минутa пред да падне.

– Мислам дека тоа е тешко и за борбен авион да се качува со таква брзина. За патнички авион не е предвидено да се качува со таа брзина – рече Џонан.

Авионот на „Ер Азија“ се урна на 28 декември минатата година, со 162 патници и членови на екипажот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...