fbpx

Цената на нафтата испиша историја, отиде во негатива

-

За првпат во историјата, цената на сировата нафта во САД отиде во негатива откако вчера цел ден имаше пад на берзите.

Цената на нафтата достигна минус 30 долари, што практично значи дека трговците на купувачите им нудат 30 долари за барел, а се со цел да се ослободат од резервите кои се натрупани поради состојбата со корона вирусот.

Затворените граници, економската неактивност на компаниите, застојот во сообраќајот предизвикаа презаситеност на пазарот со нафта. Повеќе нема простор ниту за нејзино складирање во магацините, а резервоарите би биле преполни за три недели.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...