fbpx

Во февруари издадени 248 одобренија за градба, за 62,1 отсто повеќе од истиот месец лани

-

И во корона криза, продолжува темпото на градење и на издавање градежни дозволи. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, ДЗС, во февруари 2020 се издадени 248 одобренија за градење, што е за 62,1 отсто повеќе во однос на истиот месец лани. Од нив, најмногу, или 71 дозвола, се издадени за Скопскиот регион и во Полошкиот регион, 45. Предвидената вредност на објектите изнесува 3.049,564 илјади денари, околу 49 милиони евра, што е за 158,1 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 137 или 55,2 отсто се наменети за објекти од високоградба, 33 или 13,3 отсто се за објекти од нискоградба и 78 или 31,5 отсто се за објекти за реконструкција. Од вкупно 248 објекти, на 130 или 52,4 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 118 или 47,6 отсто од објектите инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 336 станови со вкупна корисна површина од 28.384 метри квадратни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...