fbpx

Фактоје: Пречекорен и вториот рок за пуштање во употреба на студентските домови

-

Албанскиот сервис за проверка на факти Фактоје по втор пат го анализираше ветувањето на министерката за образование, спорт и млади, Беса Шахини,  дека почетокот на сместувањето во новите домови за студенти во Валона, Корча и Скадар ќе биде можно до февруари 2020 година, откако првиот даден рок (декември 2019) беше пречекорен.

Според првиот ветен рок студентите од трите албански универзитети требаше да влезат во студентските домови веќе во првите денови на оваа година, како што вети министерката Беса Шахини, но процесот на набавка на мебел го одложи сместувањето во новите простории. На прашањето на Фактоје, на прес-конференцијата одржана пред еден месец, министерката Шахини даде нов рок за завршување на инвестициите во студентските домови до почеток на февруари.

Фактоје констатираше дека и новиот рок за реконструкција на студентските домови е пречекорен. Имено, сè уште не е обезбеден мебелот за овие простории, а нема ни конкретен рок кога тоа би се случило.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...