fbpx

Измамници во Бугарија ветуваат хируршки маски, а доставуваат ѓубре

-

Стравот на Бугарите да не се заразат со новиот корона вирус, како и недостигот на заштитни маски, поради што цената достигнува и до 1 евро за маска, почнаа да ја злоупотребуваат измамници, јави бугарската телевизија „Нова“.

Во време кога цената за кутија од 100 лекарски маски достигнува до 200 лева (малку повеќе од 100 евра), на интернет-огласници измамници пуштиле огласи дека продаваат кутија од 100 маски за само 37 лева). Ваквите кутии ги нарачале најмалку 10-ина граѓани, кои платиле, а кога нарачките им стигнале преку курирска служба, наместо кутии со маски добиле најобично ѓубре – закачалки, отпадоци, празни шишиња од средства за домаќинство, кутијки од светилки и празни ќесиња од кафе.

Соговорничката на телевизијата „Нова“ вели и дека сфатила дека е измамена кога наместо нарачаните 100 тројслојни маски и стигнала ќеса со ѓубре.

Идентично е искуството на едно семејство од Бургас, кое нарачало дури четири кутии и за тоа платиле 134 лева – а им било испорачано обично ѓубре.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...