fbpx

Бизнис конфедерација: Корона вирус ќе предизвика остар пад во услужниот сектор, туризмот и индустријата

-

Корона вирус ќе предизвика остар пад во услужниот сектор, туризмот и индустријата, нарушувања во синџирот на снабдување, ослабена побарувачка за стоки и пад на довербата на потрошувачите, се вели во соопштението на Бизнис конфедерацијата на Македонија.

„Ковид-19 (коронавирус) се рашири насекаде низ светот без исклучок, треба да бидеме реални и да ни биде јасно дека и Македонија е дел од глобалното социо-економско семјество и дека нема да бидеме „заобиколени“. Владата, директно вклучените и засегнатите не смеат да си дозволат да чекаат. Економските тимови и советници мора да се советуваат со останатите економии, да ги следат сите индекси и економски показатели. Потсетуваме дека не смее да се потпираме на поврзаните ефекти. Во овој специфичен момент за нашата држава, предвремени парламентарни избори во моменти на заканувачка состојба на ширење на вирусот, апелираме за сериозен фокус кон заштитата на граѓаните, грижата за здравјето на сите и ревидирање и проучување на сите мерки за масовна заштита,“ велат од Бизнис конфедерација.

Од таму препорачуваат и владината потрошувачка да биде насочена, пред се, кон здравствениот сектор, кон поддршка на истражувања.

„Извесно е дека семејствата и домаќинствата не се сигурни и загрижени. Фирми во сектори како што се туризам, текстил, електроника за автомобили веќе известуваат за намалување во снабдувањето, односно сериозно намалување на побарувачката. Затоа, паралелно со здравјето, приоритет треба да биде да се договорат и дозволат краткорочни работни шеми и да се обезбеди привремена помош кон ранливите домаќинства за да ги намалат загубите на приходите од прекини во работата или евентуални отпуштања од работа,“ се додава во соопштението.

Тие порачуваат сериозно да се размисли и за оптимизација на трошоците и намалувањето на фиксните давачки и даноците. Кредитната воздржаност исто така може да помогне да се намали притисокот врз компаниите кои се соочуваат со ненадеен пад на побарувачката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...