fbpx

До крајот на февруари ќе се знае кој ќе го чисти линданот во ОХИС

-

До крајот на февруари треба да се знае која од пријавените компании на меѓународниот тендер распишан од Агенцијата за индустриски развој на Обединетите Нации УНИДО, ќе го чисти отровниот линдан од малата депонија во ОХИС.

„Во тек е прелиминарна евалуација на документацијата од пристигнатите апликации на пријавените фирми, по што ќе следуваат останатите фази од спроведувањето на тендерот“, вели Александар Мицковски од Канцеларијата за ПОПС на Министерство за животна средина и просторно планирање.

Во тимот за евалуација се вклучени претставници од УНИДО, од Министерството, како и странски експерти. Од МЖСПП не можеа да дадат попрецизни информации околу конечното чинење на целиот зафат. Но, поради тоа што голем дел од линданот, инаку пестицид произведуван во некогашниот хемиски гигант ОХИС, треба да се уништи со согорување, цената може да варира. Најмногу поради тоа што услугите на постројките за инсенерација на хазарден отпад во Европа се повисоки од порано. Па така, како што велат од ПОПС, сумата најверојатно ќе се движи помеѓу шест и седум милиони долари.

Чистењето на малата депонија со линдан во дворот на хемиската фабрика во Скопје, како што пишуваше „Мета.мк“, треба да биде и своевиден тест за најдобра технологија за чистење и на големата депонија што се наоѓа во близина. Се проценува дека околу 60 илјади тони линдан помешан со загадена почва сега се наоѓа во кругот на ОХИС. Од моментот кога било забрането неговото производство и употреба, во 1977 година, што било причина залихите да се депонираат, а потоа и да се препуштат на негрижата, линданот веќе околу пет децении труе илјадници жители на скопската котлина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...