fbpx

Хакерски напад го помати 10-от роденден на српски „Истиномер“, но поттикна поголема посветеност на борбата против дезинформациите

-

Еден од најстарите сервиси за проверка на фактите и ветувањата на политичарите и функционерите, како и борец против лажните вести, српскиот „Истиномер“, пред два дена одбележа 10 години постоење.

„Истиномер“ ги повикува политичарите и другите јавни личности на одговорност за јавно искажаниот збор и ветувања. Граѓаните ги повикува на добро паметење, внимателно проверување и поврзување на прочитаното, на здрав разум, објективност и активизам. „Истиномер“ е секојдневна алатка за сите луѓе што ги почитуваат фактите, основната математика, објективноста и проверливоста“, гласи дел од описот на „Истиномер“ за својата мисија.

На роденденската прослава, тимот вети дека ќе работи уште посамопрегорно и попосветено и дека нема да се откаже од борбата против лагата.

Во рамките на прославата беше предвидено да се врачат и „признанија“ за најголемите невистини од архивата на „Истиномер“, категоризирани во четири области:
1. Најзелен апсурд на деценијата
2. Недоследност на деценијата
3. Неисполнето ветување на деценијата
4. Лага на деценијата

Но гласањето поставено на „Истиномер“ е поништено поради хакерски напад, кога околу 10.000 гласови дотогаш се „претворени“ во 350.000 гласови, со што се драстично променети дотогашните резултати.

„Тогашните победници“, коишто водеа во поглед на невистините, а претежно се претставници на актуелната власт, одеднаш беа заменети со претставници на опозицијата, односно претходната власт. Нечија цел секако било да се лажира изборот за Лагата на деценијата, но најинтересните изјави што ги одбележаа овие 10 години и понатаму се достапни на порталот.

Како изгледале 10-те години утврдување и оповргнување на манипулациите и лагите, во 7-минутно пригодно видео објаснуваат сегашните и минатите ангажирани во „Истиномер“. Видеото може да го гледате тука.

„Мета.мк“ на своите колеги од Србија им посакува уште многу убави јубилеи и многу извојувани победи за вистината! Среќен роденден „Истиномер“!

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...