fbpx

Охридскиот градски стадион ќе добие модерна спортска трибина

-

Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија, ќе започнат со изградба на нова спортска трибина на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид – проект вреден 1 милион евра.

Градежните активности ќе започнат по правосилноста на одобрението за градба и изборот на изведувач. Трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди, ќе биде сместена од спротивната страна на постоечката трибина и ќе има капацитет од 1.480 седишта. Во нејзиниот централен дел се предвидени ВИП седишта, коментаторска кабина и простор за камери. Еден дел од трибината ќе биде наменет за инвалидизирани лица со посебни пристапни патеки.

Во еден дел трибината ќе биде покриена, а согласно проектот, предвидени се просторија за вработени со санитарии, гардероба со санитарии за натпреварувачи, просторија за делегати со тоалет, просторија за судии со санитарии, просторија за допинг контрола со санитарии, простории за лекарски прегледи за играчи, судии и за посетители, магацински простории, технички и останати пропратни простории и комуникации.

Проектот е важен за спортско заживување на градот и почеток на развој на спортскиот туризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...