fbpx

Обвинителство: „Гаќите“ на Рускоска треба да се разберат како моментално разочарување

-

Откако Апелацискиот суд денеска ја објави содржината на СМС пораката што првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, вчеравечер ја испратила на еден од членовите на Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје кој решавал за пуштање на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и порача дека се работи за директна закана и директно мешање во работата на судот, Обвинителството се огласи со соопштение за јавноста.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) вели дека максимално ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судот, а за СМС-пораката од Рускоска, дека била „израз на моментално разочарување“.

„Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт. Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука  во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и  поднесено обвинение, очекува судска разрешница“, соопшти Обвинителството.

Во соопштението се вели и дека ОЈО-ГОКК се залага за принципот на владеење на правото и ќе ја продолжи соработката со надлежните институции и судски органи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...