fbpx

Инспекторите проверуваат колку се чисти тоалетите во училиштата

-

Санитарните инспектори овој и следниот месец проверуваат во каква состојба се училишните тоалети низ државата. Тие прават два надзори годишно, а по оној во мај и во јуни, сега проверуваат дали директорите ги поправаат недоследностите што тогаш биле утврдени.

Последниот пат инспекторите утврдија дека во училиштата не се прави превентивна дезинфекција, дека во многу од нив инвентарот е дотрајан, а подовите и ѕидовите се оштетени. Поради лоши санитарно-хигиенски услови, тие издале забрана за користење на една спортска сала, една фискултурна сала, како и за санитарни јазли во две училишта.

– Сега се врши контрола по издадени решенија. Тоа нема да заврши брзо, бидејќи треба да се појде во многу училишта. Во некои треба да се изведе покрупна градежна работа, а за тоа е потребно време па имаме разбирање. Во сите училишта има повеќе тоалети, нема само со еден санитарен чвор. Ако е на два спрата, обично има по два на спрат. Затоа и не е спорно ако затвориме еден кој бил во лоша состојба – вели Ирина Бухова, директорка на Државниот здравствен и санитаерн инспекторат.

Таа додава дека ако не се постапи по уздадените решенија, законот предвидува казни, но во пракса, вели, инпекторите не казнуваат бидејќи училишните раководства главно прават тоа што ќе им биде кажано да го поправат.

– Контролите покажуваат дека во училиштата има средства за дезинфекција. Правиме записници и скоро сите ги имаат овие средства, и тоа имаат добри дезинфекциски средства – додава директорката.

Во мај и јуни, инспекторите извршиле инспекциски надзори во 308 училишта (основни и средни), како и во 114 детски градинки. Издадени се 156 решенија за отстранување на констатирани недостатоци, од кои 136 во училиштата и 20 решенија во градинките.

„Недостаток кој е констатиран е и тоа што не се прават редовни здравствено-хигиенски прегледи на вработениот наставнички и помошен технички персонал, како што налага Законот за заштита на населението од заразни болести. Во однос на хигиената, објектите тековно се одржуваат, а во санитарните јазли има течен сапун“, информираа за „Мета.мк“ во инспекторатот.

Не е мал бројот на училишта во државава во кои родителите плаќаат од свој џеб за да обезбедат средства за лична хигиена за нивните деца. Како што „Мета“ неодамна објави, се собираат по околу 500 денари од дете за да се набават за цело полугодие тоалетна хартија, брисачи за раце, сапун, влажни марамчиња, антибактериски гел. Директорите признаваат дека родителите сами купуваат, иако тоа формално не е задолжително.

– Средствата за лична хигиена родителите си ги купуваат за нивните деца, кога одат во тоалет да си имаат. Но, имаме проблем со влажните марамчиња, ни се запушува често канализацијата од нив зашто децата ги фрлат во тоалетите. Тоалетна хартија исто така си набавуваат самите, а течен сапун набавува училиштето. Средства за одржување хигиена во просториите во училишето набавува општината – вели Бистрица Станковска, директорка на училиштето „Гоце Делчев“ во Лисиче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...