fbpx

Додека има увоз на стари гуми варните печки ќе плаќаат казни и ќе загадуваат

-

По големиот пожар со токсичен чад во близина на струмичкото село Костурино во кој гореа 300 автомобилски гуми, државниот и општински инспектор за животна средина денес го посетија местото каде што се пече вар и по извршениот увид против прекршителите ќе бидат поднесени прекршочни пријави. Ова за „Мета.мк“ го соопшти општинската инспекторка за животна средина, Микица Чавдарова.

„Се работи за десетина семејства кои долги години се занимаваат со производство на вар, тие од тоа живеат“, вели Чавдарова.

Според неа, инспекцијата редовно излегува на терен и постапува според законските одредби, информирани се дека производителите на вар во процесот на печење користат стари гуми од автомобили и товарни возила, чијшто чад е високотоксичен, но и дека инспекторите се свесни дека оваа работа е нивната единствена егзистенција.

Како што информираше струмичката инспекторка, гумите се користени за согорување во печките поради тоа што се значително поефтини од огревното дрво. Во текот на процесот на печење од околу 36 часа се добива околу 1.000-1.500 кг вар и за тоа се горат околу 40-тина гуми, а еден килограм стари гуми се купува за 8 денари.

Во редовните и вонредните контроли кои струмичката инспекција ги вршела, овој производител на вар неколкупати му биле изрекувани прекршочни казни, кои според постојната законска регулатива изнесуваат 200 евра и дека прекршителот казните ги плаќа и продолжува да работи. Чавдарова вели дека е свесна дека варните печки енормно загадуваат, но дека она што инспекцијата сега го прави е единственото според сегашните закони што може да се стори кога се во прашање вакви загадувачи и дека она што би влијаело да се смени ситуацијата е забрана за увоз на половни гуми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...