fbpx

Автомобилите од денеска на патарината кај Гевгелија плаќаат по 100 денари

-

Јавното претпријатие за државни патишта од утрово ја стави во функција новата патарина на автопатот на Коридорот 10 кај Гевгелија. Возачите на автомобили во иднина ќе плаќаат по 100 денари во еден правец за патарина на оваа наплатна рампа, што претставува надоместок за користење на новиот автопат Демир Капија – Смоквица.

Според ценовникот на ЈП за државни патишта, моторите на патарината кај Гевгелија ќе плаќаат 60 денари, додека за останатите категории на возила висината на надоместокот изнесува од 160 до 430 денари. Пуштањето во употреба на патарината кај Гевгелија доаѓа по завршувањето на реконструкцијата на локалниот пат, со кој на жителите на гевгелиските села им се обезбеди алтернативна патна врска со Гевгелија.

Граѓаните за патување по автопатот од Скопје до Гевгелија во еден правец од денеска ќе треба да издвојат по 280 денари за да ја платат патарината за својот автомобил. На Коридорот 10 треба допрва да проработи и наплатната рампа кај Демир Капија, која што треба да проработи во текот на наредните месеци за да се собира надоместокот за употреба на автопатот од Градско до Демир Капија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...