fbpx

Сончево и топло, со мала до умерена облачност

-

Времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура се движеше од 13 до 22 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува меѓу 25 и 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Во петок и за време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо спуштање на температурите, а в петок понекаде ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Од понеделник следува период на стабилно и доста топло време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...