fbpx

Франција мобилизира 10.000 војници

-

Франција мобилизира дополнителни 10.000 војници за да ја зајакне безбедноста по минатонеделните напади, а повеќе од илјада полицајци ќе бидат распоредени за заштита на еврејските училиште.

Министерот за одбрана на Франција, Жан – Ив ле Дриан, соопшти дека војниците од вторник ќе бидат распоредени по најчувствителните места. Изјавата доаѓа по денешната средбата на францускиот кабинет, посветена на безбедноста.
Седумнаесет лица минатата недела загинаа во Париз за време на неколкуте напади, кои почнаа во средата со масакрот во францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, кога беа убиени 12 лица.

Околу 3,7 милиони лица во Франција излегоа на маршот на солидарноста, од кои 1,5 милион заедно со околу 40 светски лидери маршираа по улиците на Париз.

Ле Дриан соопшти дека ова е најголемата мобилизација на војници во Франција, а е спроведена поради тоа што сè уште постојат закани за нови напади.

Министерот за внатрешни работи на Франција соопшти дека во следните два дена околу 5.000 припадници на безбедносните сили ќе бидат испратени за да ги заштитат 717 еврејски училишта во Франција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...