fbpx

Општина Охрид: Инцидентот помеѓу советниците e изолиран случај и нема да се повтори

-

Во врска со инцидентот на вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, на кој поради физичко насилство беше прекината седницата, денеска локалната самоуправа го осуди инцидентот помеѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните.

„Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на  граѓаните и решавање на нивните потреби. Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина и ги повикуваме советниците да се однесуваат во духот на демократијата и почитување на различните мислења“, се вели во соопштението од Општина Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МОН: Нови учебници на клупите ќе ги пречекаат учениците од септември

Се печатат сите учебници од прво до седмо одделение во основното образование кои досега се одобрени од Националната комисија за учебници и ќе се применуваат во учебната 2024/2025 година....