fbpx

Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и на Светската банка ќе се одржи во Скопје

-

Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и на Светската банка (СБ) ќе се одржи од 21 до 23 јуни во Скопје. Организатори на ова издание на состанокот се Народната банка и Министерството за финансии.

Во Холандско-белгиската конституенца, покрај Холандија, Белгија и нашава земја, којашто годинава е домаќин на овој значаен меѓународен настан, членуваат и Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Ерменија, Израел, Кипар, Луксембург, Молдавија, Романија, Украина и Црна Гора.

„На Состанокот во Скопје ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Групацијата на СБ, меѓу кои се и заменик-претседателот на Групацијата на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер и директорите во ММФ и СБ, Антони де Ланој и Кун Дависе, кои што се задолжени за оваа Конституенца, како и гувернери на централни банки и министри за финансии на земјите членки. Средбите на Конституенцата претставуваат своевиден форум на кој високите претставници на носителите на фискалната и монетарната политика во земјите-членки разменуваат мислења за политиките и програмите на ММФ и СБ, како и за други клучни прашања за европската и светската економија“, соопштуваат организаторите.

Од таму додаваат дека годинава, нашава земја ја има честа да биде домаќин на Состанокот на Конституенцата за првпат по 2003 година, кога нашата централна банка и Министерство за финансии за прв пат ја имаа улогата на организатори на овој значаен настан.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...