fbpx

Изградбата на гасоводната мрежа во Битола ќе почне 2020 и ќе заврши за десет години

-

Општина Битола склучи договор со компанијата „Простор“ од Куманово за изработка на проект за дистрибутивна гасоводно мрежа во вредност од 100.000 евра.

Договорот со компанијата „Простор“ се однесува и за идееен и за основен проект, за дистрибутивна гасна мрежа и за телекомуникациски коридор.

„Според проектниот план, одобрувањето за градба би требало да биде готово во првата половина на 2020 година. Секундарната гасоводна мрежа ќе се гради во повеќе фази, во зависност од обезбедените средства и од потребата на корисниците, а се очекува целиот тој процес да се заокружи во наредните 10 години“, велат од Општина Битола за „Мета“.

Магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп па се до Битола, е во должина од 92 километри. Според динамиката на изведба, се очекува тој да биде завршен во првиот квартал во 2020 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...