fbpx

Заев: На потег е Европа да испорача датум

-

Покажавме дека сме подготвени да носиме храбри, историски одлуки, и да покажеме политичка зрелост и европски манири, рече премиерот Зоран Заев по повод Извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја во европските интеграции за 2019 година.

„Нашето време во „чекалната“ го искористивме за да се подготвиме за преговорите за пристап. Денес сме подготвени и политички и институционално. По оваа препорака за скоро време ќе го комплетираме и тимот за преговори, а при крај сме и со техничкиот подготвителен скрининг за сите поглавја. Нашите задачи ги исполнивме од прва до последна, и целосно сме подготвени за почеток на преговорите. Сега, на потег се државите членки и институциите на Европската унија. На потег е Европа да испорача“, рече Заев.

Според премиерот, испораката на јасен став за старт на процесот на преговори со отворање на поглавјата е од интерес и на Европската Унија.

„Отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ е единствената гаранција за одржување на домашната стабилност, и за одржување на реформскиот импулс во Северна Македонија, со позитивни ефекти за целиот регион на Западен Балкан“, додаде Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...