fbpx

Заев: Владата е посветена на грижата за правилната употреба на македонскиот јазик

-

Премиерот Зоран Заев, денеска во Свечената сала на Владата се обрати по повод „5 Мај – Денот на македонскиот јазик“, кој годинава за прв пат се одбележува, откако минатиот месец на владина седница беше донесена одлука овој ден да биде празник од работен карактер.

Заев рече дека Владата е посветена на грижата за правилната употреба на македонскиот јазик и спомена дека покрај тоа што во соработка со Институтот за македонски јазик обезбеди интернет пристап на „Правописот на македонскиот јазик“, се прават напори на граѓаните да им бидат бесплатно достапни и други дела.

„Денот на македонскиот јазик е празник и за сите други граѓани и заради нашето  заедничко, споделено чувство на припадност на една мултикултурна општествена заедница, која ги почитува и негува сите културни и идентитетски вредности на етничките заедници во нашата земја“, истакна Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...