fbpx

Изутрина сончево, попладне дожд

-

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локален дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој во југоисточните делови повремено ќе се засилува.

Минималната температура се спушти помеѓу -2 и 5 Целзиусови степени,, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, при што повеќе облачност ќе има во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 4 до 23 Целзиусови степени.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време, со локални врнежи од дожд и со умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се намалат за 5 до 7 степени во однос на денешните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...