fbpx

Израелските медиуми задоцнија 8 години со отворањето на Меморијалниот центар на Евреите во Скопје

-

„Еврејската телеграфска агенција“ (Jewish Telegraphic Agency) на 11 март објави текст дека во Скопје се отвори Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, иако овој центар е отворен уште во 2011 година.

Во текстот исто така пишува дека премиерот Зоран Заев присуствувал на отворањето заедно со Роберт Сингер, извршен потпретседател и главен извршен директор на Светскиот еврејски конгрес.

Точно е дека Заев и Сингер го посетија музејот, но не за отворањето туку во рамките на одбележување 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка, присуствуваа на официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокаустот. По повод овој настан, комеморативна свеченост се одржа и во Македонскиот народен театар (МНТ).

Оваа (според датумот) покрешна вест за отворањето на Меморијалниот центар беше пренесена и во други израелски медиуми како во jewishnews.timesofisrael.com, timesofisrael.comisraelnationalnews.com

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...