fbpx

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за поранешниот прв човек на ФФМ

-

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, доби кривична пријава за Управата за финансиска полиција, која го товари за даночно затајување и за фалсификување или уништување на деловни книги. Кривична пријава има и за ФФМ поради делата што ги направил поранешниот нејзин прв човек.

Како што соопштија од Финансиска полиција, Ѓорѓиоски во завршната сметка на ФФМ за 2017 година, која била поднесена на 27 февруари 2018 година, не извршил отпис на ненаплатени побарувања од пропаднатиот синџир трафики „Тобако“ и на комбинатот „Југохром“, во вкупен износ од 16 милиони и 809 илјади денари (273.320 евра).

За тие пари тој морал да плати и соодветен данок на добивка, велат од Финансиска полиција, која поднела кривична пријава и за ФФМ, товарејќи ја дека со постапките на тогашниот нејзин претседател незаконски спечалила дополнителни 1,68 милиони денари, односно 27.330 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...