fbpx

Претежно облачно денеска, со повремен дожд

-

Во Македонија денеска времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот.

На планините над 1.400 метри надморска височина ќе има врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта во источните делови од земјава.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 5 Целзиусови степени.

Во следните два дена, до четврток, ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок до недела се очекува стабилно време и значително затоплување, особено на повисоките места и на планините, што ќе услови топење на снежната покривка.

Утрово најмногу снег 97 сантиметри е измерен на Попова Шапка, 67 сантиметри во Маврови Анови, 48 во Крушево, а најмалку 3 сантиметри во Скопје – Зајчев Рид, како и во Претор, Струмица и Куманово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...