fbpx

Претепан и ограбен чувар на ЈП „Исар“

-

Педесет и тригодишен штипјанец, чувар на бунарите на ЈП „Исар“, бил пренесен на скопските клиники со повреди на главата откако бил нападнат од две лица во обид да сечат дрва во близина на бунарите.

Според полицијата, чуварот бил нападнат вчеравечер, околу 17 часот, кога напаѓачите со тупаници му нанеле тешки повреди во пределот на главата. При тоа, му биле одземени и двата мобилни телефона, по што двајцата напаѓачи побегнале.

Чуварот бил пренесен во штипската Клиничка болница, по што поради тежината на повредите, бил препратен на Клиниките во Скопје. По преземени мерки во СВР Штип е приведено 16-годишно лице од Штип, за кое постојат сомнежи дека е можен сторител.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.