fbpx

Вељаноски им го честита Божик на верниците

-

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска упати честитка до г.г. Стефан и до православните верниците по повод големиот христијански празник Божик.

– Со особена чест и задоволство, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам, на членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и на сите православни верници на Македонската православна црква во земјата и во странство, Ви упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик. Христовото раѓање претставува величествен ден и најголем настан во историјата на човековиот род. Тоа е моментот кога светлината на ангелот Божји ја здогледаа луѓето и го означија славењето кон Бога, почна вреднувањето на животот и неговото вистинско значење. Преку божественото учење на луѓето им се даде нова надеж и верба дека добрината секогаш победува над злото. Големиот христијански празник посветен на раѓањето на спасителот, Исус Христос, нека ни внесе уште поголема љубов во семејството, да ни даде уште поголема сила да правиме добри дела, да влеваме надеж на сите оние кои страдаат и меѓусебно да се почитуваме и помагаме – стои во честитката од Вељаноски.

Во божикната честитка, претседателот на Собранието посакува радоста на овој голем празник да ни даде поттик да бидеме луѓе кои градат вистински христијански вредности, кои имаат цврста верба во истрајност, сплотеност и во единство.

– Само така можеме заеднички да продолжиме по патот на изградбата на модерна држава и просперитет за сите граѓани во Република Македонија. Посакувам Божик, на сите христијански верници да им донесе многу здравје, среќа, љубов и мир – стои во честитката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...