Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Дождовите во текот на денот ќе почнат во западните и во јужните делови, а во вечерните часови ќе се прошират и во останатите делови од земјата. Ќе дува умерен, а наместа засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната утринска температура ќе го достигне шестиот Целзиусов степен, а максималната дневна – 18 степени.
Во Скопје и во околината се очекува претежно облачно време, со појава на слаба магла во претпладневните часови и со повремени врнежи од дожд во попладневните и во вечерните. Минималната утринска температура ќе се движи до девет Целзиусови степени, а максималната дневна до 14. степен.