fbpx

Наставните програми мора медиуски „да се описменат“

-

Крајно неопходно е да се ревидираат наставните програми и програмите за медиумска писменост во основното образование и да е внесат содржини за критичко оценување и анализирање на медиумските содржини, а посебно оние на коишто учениците се најмногу изложени – социјалните мрежи и медиумите. Основната медиумска писменост мора да биде предмет во сите одделенија – од градинка до завршните одделенија на основното образование, вклучувајќи ги сите три основни елементи на овој концепт – пристап, анализа и создавање медиумски содржини во сите можни форми, пренесува „КриТинк“.

Ваквите заклучоци беа наведени на завршната конференција на Високата школа за новинарство и односи со јавноста „Медиумската писменост во образованието – Предуслов за младинско учество во општествените и политичките процеси во Македонија“, која се одржа на 18 декември во Скопје, во рамките на трогодишната програма на Коалицијата за медиумска писменост.

Заклучоците се совпаѓаат со наодите на истражувањето „Основна медумска писменост во Македонија – Обиди за воспоставување основно образование“, коешто Високата школа го спроведе заедно со Бирото за развој на образованието. Констатацијата е дека во учебниците за  основно образование – на сите јазици на кои се пренесуваат овие лекции, се предава за стари медиумски содржини и тоа мора итно да се корегира.

Потребно е едуцирање на наставниците за основно медиумско образование, како и за современите дидактички алатки и предуслови за медиумска продукција (упатства, дообуки, медиуми), итн.

Бирото за развој на образованието треба да има поголемо учество во набљудувањето на спроведувањето на наставните програми, за да се увиди навреме потребата на наставниците и учениците, посебно за темите за унапредување на медиумската писменост на учениците. Дадена е и препорака за педагошките факултети да ги ревидираат наставните програми со современи содржини за медиумска писменост и за унапредување на способностите на наставниот кадар, како и за вклучување на стручни лица од новинарската фела и комуникациите.

На конференцијата учествуваа Лори Ласо од Хелсиншкиот институт за аудиовизуелни активности, која го презентираше финскиот модел за медиумско образование, како и Александар Кочиќ од единбуршкиот универзитет „Нејпиер“, кој го презентираше шкотското искуство за медиумско образование во средните училишта. Милица Пешиќ од Лондонскиот институт за медиумска разноликост (ИРМ) ја нагласи потребата од основно медиумско образование во граѓанските организации.

Околу 100 ученици, професори, на подлистокот „Медиум“ и на Коалицијата за медиумска писменост, како и преставници на Бирото за развој на образованието и на Министерството за образование и наука учествуваа на завршната конференција.

Трогодишниот проект беше спроведен од Високата Школа за новинарство и односи со јавност, од весникот „Нова Македонија и од ИРМ, со поддршка на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...