fbpx

Облачно време со услови за дожд, најмногу снег наврна во Маврово

-

Во Македонија времето денеска ќе биде претежно облачно, со услови за краткотраен дожд. Преку денот облачноста делумно и краткотрајно ќе се намали, но во вечерните часови од запад повторно ќе се зголемува, а во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Температурата ќе се движи од 5 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје времето преку денот ќе биде умерено облачно, во ноќните часови со врнежи од дожд. Температурата ќе се искачи најмногу до 7 Целзиусови степени.

Под влијание на потопол влажен бран, утре и в среда ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Во западните делови се очекуваат обилни врнежи, локално над 40 л/м2.

Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба.

Инаку, во текот на вчерашниот ден и ноќеска, најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка од 25 сантиметри, а во Лaзарополе 18 сантиметри. Снег има и во Крушево, Попова Шапка (17 сантиметри), Тополчани, Претор, Битола, Берово…

Најмногу дожд наврна во Битола, Гевгелија, Претор и Демир Капија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...